logo
logo
logo

Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело

Vecer | 18.09.2025

Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело

Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со затвор до пет години.

Мерката, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и конечното гласање синоќа со 77 гласа „за“ и 55 „против“ во Сенатот, е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа создадени со помош на ВИ без дозвола.

Пратениците презедоа мерки по серија неодамнешни случаи поврзани со порнографски видеа создадени со вештачка интелигенција, во кои жртвите често беа жени, вклучително и јавни личности.

Италија е првата земја од Европска Унија што создаде национална правна рамка што ги вклучува новите упатства на ЕУ за ВИ.

Законот ги утврдува општите принципи за употреба на вештачка интелигенција и ѝ наложува на Владата да изготви детални правила за употреба на системи за вештачка интелигенција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk