logo
logo
logo

ЕЛЕНА И НИКОЛАЕ ЧАУШЕСКУ:

ВЛАДЕЕЛЕ ПО ПРАВИЛАТА НА МАФИЈАТА: Две деца им завршиле трагично! НАРОДОТ ИМ ПРЕСУДИ

Vecer | 24.12.2021

ВЛАДЕЕЛЕ ПО ПРАВИЛАТА НА МАФИЈАТА: Две деца им завршиле трагично! НАРОДОТ ИМ ПРЕСУДИ

Во рацете на најпознатото романско семејство била концентрирана огромна моќ, создадена од тоталитарното владеење на Комунистичката партија и нејзините водачи. Сепак, има малку современици кои за падот на комунизмот во Романија ќе го обвинуваат нејзиниот лидер. Неверојатно е влијанието на Елена Чаушеску врз државната администрација, партијата и Секуритате.

Како и во многу други источноевропски земји, познати по негувањето на „култот на личноста“, во романското општество се создадени огромни емоционални разлики, од апсолутно обожување до одвратен презир.

Ова се некои од најзначајните моменти на 25-годишното владеење на семејството Чаушеску!

Elena Čeučesku, Nikolaj Čeučesku

Популациска експанзија – „фетусот е во сопственост на романскиот народ”

По природа мегаломан, Николае Чаушеску направил план за проширување на романското население, кое до почетокот на третиот милениум би имало 30 милиони жители. Тој ја започнал својата кампања во 1966 година со декрет за забрана на абортусот, велејќи дека „фетусот е сопственост на романскиот народ“ и дека луѓето без семејни амбиции се дезертери.

Веројатно, овој необичен чин ќе имаше свое оправдување доколку демографската експанзија беше придружена со економски просперитет. Законот донесе драстично зголемување на наталитетот, но лошите финансиски околности предизвикаа лоша исхрана и несоодветна грижа за трудниците. Стапката на смртност на доенчиња достигна неверојатни 8,3 %, а секое десетто бебе беше неухрането.

За да се поттикне бројот на новороденчиња, властите користеа и поостри методи. Контрацепцијата беше забранета, абортусот стана кривично дело, а сексуалното образование исклучено од едукативната програма. По налог на владејачката партија, беше оформена т.н. „менструална полиција“ која еднаш во три месеци на чело со медицински персонал ги „контролирала“ работничките од големите стопански погони.

Во романските домови пристигнувале прашалници за собирање податоци за сексуалната активност на граѓаните. Доколку прегледот утврдил дека парот е репродуктивно способен, и дека имаат помалку од две деца во исто време, семејството морало да плати „данок на име на целибатот“.

Абортусите се правеле незаконски, а партијата замижувала пред случајот што доаѓа од врвот на номенклатурата. Ако жената одлучила да абортира, цената на „третманот“ се движел од две до четири месечни плати. Паровите со повеќе од три деца прибегнале кон ова решение, бидејќи малата заработка го оневозможувала животот.

 

Elena Čeučesku, Nikolaj Čeučesku

Не е тајна дека стотици илјади Романки се обиделе сами да ја прекинат бременоста, а многу од нив доживеале фатална судбина. Ако биле спасени животи, се соочувале со проблеми на дискриминација и екскомуникација, а некои беа прогласени за „непријатели на народот“.

- Доколку абортусот се случел во област каде што бројот на новороденчиња драстично се намалил, платата на локалниот медицински тим се намалувала до 15 % - пишувал Newsweek во 1990 година.

Елена не знаела за срам. Иако едвај го завршила основното училиште, таа ги принудила научниците да  напишат трудовите што таа ги потпишувала

Иако никогаш не го завршила средното училиште, таа добила почесни докторати, главно по хемија, а научниците морале да пишуваат научни трудови за неа, кои таа ги потпишала.

Од крајот на 70-тите и во текот на 80-тите, Елена Чаушеску била една од двете најмоќни жени во светот. Втората најмоќна жена од тоа време - Маргарет Тачер, била избрана од гласачите во Велика Британија. Елена Чаушеску била само сопруга на претседателот, но не само што била најмоќна, туку и најомразена.

Како што позицијата на Чаушеску станувала се посилна, така се зголемувале и неговите апетити за материјално богатство. Затоа, голем дел од романскиот БДП е потрошен за изградба на палатата, која сè уште е меѓу најголемите во светот каде живеел владетел. Тој создал многу моќен безбедносен апарат кој бил толку наметлив што се проценува дека секој десетти Романец бил информатор во тоа време.

Диктаторот сторил се за да се обезбеди и продолжи неговото владеење, а не да ја заштити земјата од надворешен непријател. Оние кои му се спротивставиле нему или на неговата сопруга ги снемувало преку ноќ.

Претседателот несебично бил поддржан од Елена, која ја нарекувале „мајка на нацијата“. Очигледно, Елена била груба, не многу интелигентна, но итра и одмаздољубива и крајно несреќна затоа што не била убавица.

Родена во селско семејство и никогаш не завршила гимназија. Како и многу други сиромашни луѓе на почетокот на 20 век, таа се свртела кон комунизмот, кој ѝ понудил на сиромашната работничка класа идеја за тоа како ќе ја водат земјата.

Својот иден сопруг го запознала во 1939 година, а тој бил многу пожесток комунист од неа. Во исто време, за него Елена била „љубов на прв поглед“, но многу историчари се убедени дека самата Елена направила план како да го заведе и дека таа всушност го избрала него. Се венчале во 1947 година, во време кога комунизмот под покровителство на Советскиот Сојуз почнал да се шири во Источна Европа.

СЕМЕЈНА ИДИЛА – Најголеми проблеми правеле децата

Брачниот пар Чаушеску имал три деца - ќерка Зоја и синовите Валентин и Нуку.

Валентин е најстар, но има контроверзи околу неговото раѓање. Некои извори наведуваат дека е усвоен. Во моментите на политички подем на една млада брачна двојка, тоа би било „благороден пример“ за сите млади Романци. Други тврдат дека Валентин е вонбрачниот син на Елена Чаушеску, прифатен од Николае.

Тој никогаш официјално не се занимавал со политика, а кариерата како физичар ја изградил во Англија. Тој ја напуштил земјата по конфликтот со неговите родители за да се ожени со ќерката на еден од партиските ривали на неговиот татко.

За разлика од него, Зоја и Нику им правеле многу поголеми маки!

Зоја речиси целото детство го помина во илегала, за да ја види општествената реалност на својата земја по полнолетството, пружајќи огромен отпор на родителите и на целиот државен апарат. Таа се приклучила на субверзивна група млади луѓе, а изборот на партнери ја полудувал Елена.

Имено, нејзината мајка им наредила на агентите на Секуритате да го следат секој нејзин чекор. Најголемата љубов на Зоја бил извесен Михаљ, млад човек со унгарско потекло. Во еден момент му се губи секаква трага, но во дневниците на Елена Чаушеску се споменува дека несреќниот човек „исчезнал“ на дипломатско патување на Блискиот Исток и дека го „преплавиле муви во пустината“.

 

Elena Čeučesku, Nikolaj Čeučesku

Зоја била одличен математичар, но во исто време билае посветена на алкохолот и другите пороци. Таа почина во 2006 година од рак.

Најпроблематичен бил Нику, најмладиот син, кој го поврзуваат со неверојатни скандали кои не му доликуваат на синот на „таткото на нацијата“. Тој бил алкохоличар и насилник, а по државниот удар бил обвинет за голем број грабежи и силувања.

За неговата безбедност се погрижиле и Секуритате, а се верува дека го изгубил разумот по една непријатност, во режија на неговите родители.

„Младиот претседател на социјалистичката младина“ бил лудо вљубен во девојка по име Донка Мисел. Таа била неприфатлива за Елена, која по секоја цена решила да застане на патот на нивната врска. „Државниот врв“ во својата спална соба решил Донка да ја прекине бременоста и „да исчезне без трага“. Така, Чаушеску прекршиле еден од нивните најрестриктивни закони.

Вознемирениот Нику почнал да дивее по улиците на Букурешт. Сите биле на мета на „блудниот“ син на претседателот - девојки, угостители, а според некои извори и познати граѓани како Надја Команечи.

Наскоро, против негова волја, Нику се жени за Полиана Кристеску, член на партиската администрација. Службеник на Секуритате сведочел дека по потпишувањето на брачната исправа и се обратил на сопругата, велејќи дека веднаш треба да оди кај Елена бидејќи таа самата ја избрала, пренесе Би-би-си.

Нику имал огромни проблеми со алкохолот, а починал во 1996 година во една виенска клиника.

 

Elena Čeučesku, Nikolaj Čeučesku

Палата на народот - симбол на мегаломанските амбиции

 

По земјотресот во 1977 година, Николае Чаушеску одлучил за план за обнова на Букурешт. Импозантната палата била централен дел од овој проект. Двојката донела одлука за градба инспирирана од архитектонските решенија на Пјонгјанг, кои ги запознале за време на некои од нивните дипломатски турнеи.

Свечениот старт на работите го одбележа брачната двојка Чаушеску, со симболично вметнување градежен документ во еден од темелите на палатата.

Во позадината на проектот била тажната судбина на историски градби кои биле симбол на главниот град на Романија. Областа била исчистена со уривањето на манастирот Вацарести, зградата на Националниот архив и болницата Бранковенск. Со земја биле срамнети четириесетина стари занаетчиски работилници и мануфактури, како и зградите во кои живееле староседелци.

Има податоци дека од овој крај се раселени околу 40.000 луѓе. Нивните нови домови не ги исполнувале минималните услови за достоинствен живот во главниот град. Биле ангажирани неколку десетици илјади работници, а под принуда работеле и членовите на романската армија.

Според зборовите на работниците, се работело по 12 часа дневно, а доколку резултатот бил помал од планираниот, работното време траело до доцна во ноќта. Се работело во три смени, а поради замор или несреќи животот го загубиле околу 1.200 луѓе. Има информации и дека некои работници под притисок на роковите за изградба кренале рака врз себе.

Вредноста на зградата во 1989 година била проценета на 1,75 милијарди долари, а во 2006 година, според извештајот на комисијата за ревизија, таа била вредна 3 милијарди. Денес е втора по големина административна зграда во светот (по Пентагон) и четврта по големина некогаш изградена.

Elena Čeučesku, Nikolaj Čeučesku

Брутален крај на претседателската двојка - последна смртна казна во Романија

Во декември 1989 година, во земјата избувнале масовни антикомунистички демонстрации. Протестите започнале во Темишвар и Брашов, а бранот на незадоволство брзо се проширил и во главниот град. Во демонстрациите учествувале неколку стотици илјади граѓани, кои Чаушеску не можел да ги смири ниту со директно обраќање.

Полицијата почнала да го спроведува планот за евакуација, па брачната двојка итно со хеликоптер била префрлена во Тарговиште. Меѓутоа, во виорот на пучот режимот паднал и полицијата ги предала приведените на воените сили.

На Божиќ, 25 декември 1989 година, по налог на Националниот фронт за спас, кој ја имал улогата на привремена влада на Романија, бил свикан „суд“. Семејството Чаушеску се соочило со обвиненија за нелегално стекнување богатство и обвиненија за геноцид врз сопствениот народ.

Николае постојано ја негирал јурисдикцијата на судот, тврдејќи дека тој сè уште е легален претседател на Романија. Двојката е осудена на смрт, а видеото од егзекуцијата ја обиколи планетата следниот ден.

Самото судење наиде на големи критики внатре и надвор од земјата. Тогашниот привремен претседател, Јон Илиеску, во 2009 година рече дека судењето е „прилично срамно, но и неопходно“.

Големото незадоволство на народот од владеењето на Чаушеску ја фрли земјата во анархија. Високи воени функционери од тоа време велеа дека Николае и Елена во тие денови не би ја избегнале смртта, бидејќи незадоволните во секој момент биле подготвени да ги линчуваат.

Elena Čeučesku, Nikolaj Čeučesku

Чинот на егзекуција се случил под раководство на војникот Лонел Бојеру. Во текот на судењето тој бил еден од стражарите и лесно ја прифатил наредбата за извршување на судската пресуда. Во интервју за британски Гардијан пред неколку години, Бојер го сумирал крајот на револуцијата:

- Кога се враќавме од местото на судењето, хеликоптерот беше полн со обвинители, судии и високи офицери. Немаше место, па колегата мораше да седне на труповите. Тој е најтрауматизиран... тогаш сите сакаа да бидат на наше место. Денеска тоа веќе никој не го сака – ја завршил својата исповед Бојера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk