logo
logo
logo

Видео: Камери забележале мајка рис со малечко во НП Шар Планина

Vecer | 05.12.2025

Видео: Камери забележале мајка рис со малечко во НП Шар Планина

-По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим. А најубавиот дел? Колегата кој ја регистрираше снимката ја доби честта да го даде и името – мајката ја именувавме Сибел, објавија од  НП Шар Планина.

Тие споделија и факти за балканскиот рис- дека е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 километри квадратни.

-Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот. Храната на рисот главно се состои од срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем. Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот, велат од НП Шар Планина.

На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk