Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус.
Меѓутоа, по неодамнешното примирје, властите на Витлеем одлучија оваа година да ги вратат божиќните свечености, а тоа е и осветлувањето на традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање.
- Тоа беа две лоши години на тишина. Немаше Божиќ, немаше работа, рече градоначалникот на Витлеем, Махер Канати, и додаде дека жителите живеат од туризам, а туризмот бил сведен на нула.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата