logo
logo
logo

Ватикан: Вештачката интелигенција ја содржи сенката на злото, потребна е внимателна регулација

Vecer | 28.01.2025

Ватикан: Вештачката интелигенција ја содржи сенката на злото, потребна е внимателна регулација

„Лажните медиумски содржини генерирани од вештачката интелигенција можат постепено да ги поткопаат темелите на општеството“, се вели во новиот документ за етика на вештачката интелигенција напишан од два оддели на Ватикан и одобрен од папата Франциск.

Тие посочуваат дека оваа област бара внимателна регулација бидејќи дезинформациите, особено преку медиумите со кои управува или на кои влијание вештачката интелигенција, може ненамерно да се шират и да поттикнат политичка поларизација и социјални немири.

Папата Франциск, кој е на чело на Католичката црква со 1,4 милијарди верници од 2013 година, во последните години се фокусираше на етичките прашања на вештачката интелигенција.

Тој испрати порака за технологијата до Светскиот економски форум во Давос минатата недела, предупредувајќи ги политичките и економските лидери дека вештачката интелигенција довела до „критична загриженост“ за иднината на човештвото.

Тој за технологијата говореше и на самитот на Г7 во Италија во јуни 2024 година, велејќи дека луѓето не треба да дозволат „алгоритмите да одлучуваат за нивната судбина“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk