logo
logo
logo

Ваму живеат НАЈГОЛЕМИТЕ ПИЈАНИЦИ

Vecer | 27.04.2025

Ваму живеат НАЈГОЛЕМИТЕ ПИЈАНИЦИ

Луѓето почнале да консумираат алкохол пред неколку илјади години, а оваа навика опстојува во голем дел од светските култури до ден-денес. Според Светската здравствена организација, ова се петте земји со најголема потрошувачка на алкохол во светот во една година.

Чешка - 14,26 литри

Според Светската здравствена организација, Чешка е водечка земја по литри консумиран алкохол по глава на жител. Секако, омилениот пијалок на Чесите е пивото, а првата пиварница е изградена во градот Плзен, кој се наоѓа 100 километри југозападно од Прага.

Латвија - 13,19 литри

Жителите на една од трите балтички земји се втори по големина потрошувачи на алкохол во светот. Најчесто консумирани пијалоци се билниот ликер „Рига црн балсам“, вотката и пивото.

Молдавија - 12,85 литри

Земјата, која граничи со Романија и Украина, има долга историја на производство на вино. Тука сè уште ќе пиете одлични вина за релативно малку пари, објавува Пун Куфер. Други пијалоци со кои Молдавците се горди се туика и вестина.

Германија - 12,79 литри

Најнаселената европска земја обожава добри пијалоци. Кога ќе споменеме пиво, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и Октоберфест. Но, без разлика дали доаѓате за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве чека низ цела Германија.

Литванија - 12,78 литри

Две балтички земји се меѓу првите пет, а Литванија го зазема петтото место. Алкохолот овде најчесто се ужива во форма на пиво, но исто така и во домашни ракии и ликери, познати како квас, самана и старка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk