Свекорот на Софија, Ричард Џонс, е обвинет дека ја задавил својата снаа и ја оставил да лежи со лицето надолу на подот во кујната. Тој пристигнал во куќата на синот и снаата околу 9 часот, а на надзорните камери од соседството бил забележан како го напушта имотот околу 10 часот.
На видеото се гледа како човекот трча кон својот автомобил, па се враќа на имотот, за да замине пет минути подоцна со цигара во уста. На судот му било кажано дека по убиството, свекорот отишол во пекарницаа каде што купил ролати со туна и јадел со уживање пред да замине во непознат правец.
„Мојот син ме измами и изневери, па сам се справив со тоа. Немав друг избор“, била пронајдена белешка во автомобилот на Џонс, а извештајот од обдукцијата ги потврдил шпекулациите дека Софија умрела од насилна смрт - од задушување.
A 30-year-old mother-of-two was found dead in her home following a “sustained attack” after returning from the school run, a court heard.
— David Challen (@David_Challen) January 22, 2025
Sophie Evans was strangled, beaten, and left naked on her kitchen floor. Richard Jones, 50, denies murder but admits manslaughter, claiming… pic.twitter.com/2ZMYaPDSoy
Снаата тој ден била изненадена од свекорот на влезната врата, а доказ за тоа е што вратата ја отворила завиткана во крпа, бидејќи тој ја прекинал додека се туширала. Таа очекувала Џонс да работи „физичка работа“ на имотот, пишува „Дејли мејл“.
Свекорот на суд ја признал вината, но негирал дека се работи за убиство. Тој кажал и дека неговиот син и снаа финансиски го експлоатирале и дека „го изгубил нервите“.
„Она што го знаеме е дека тој физички и постојано ја напаѓал г-ѓа Еванс во таа куќа пред да ја задави до смрт“, изјави обвинителот Мајкл Џонс пред судот.
Во моментот на нејзината смрт, Софија била со синот на Џонс, Џејми Дејвис, со кого имала две мали деца. Таа се преселила во неговиот дом додека тој бил во притвор во Свонси под обвинение за дрога и перење пари.
„Нашата убава и неверојатна сестра и ќерка Софи ни беа одземени и нашите животи никогаш нема да бидат исти. Срцето ни е скршено од нејзината загуба. Нашата Софи, таа имаше само 30 години, многу ќе ни недостига на сите. беше мајка на две мали девојчиња, која со сето срце ги обожаваше. Неверојатна сестра која беше толку светла и смешна, таа секогаш нè правеше да се смееме, таа имаше огромно срце. Сите ја обожуваа. Таа исто така беше во чекор со модните трендови“, напиша семејството на Софи во соопштението, оддавајќи ѝ почит.
Судењето, кое ќе трае две недели, продолжува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата