Шокантниот материјал што го објавија американските медиуми вклучува слики снимени од монитор за бебиња во собата на Ирина Гарсија вечерта на 12 октомври. Оваа 39-годишна жена 14 дена порано родила девојче, кое исто така се појавува на видеото, бидејќи кобната ноќ нејзиното креветче било до креветот на нејзината мајка.
На една од фотографиите, направена во 22 часот и 23 минути таа вечер, Гарсија се појавува до нејзиниот кревет со нејзиното новородено девојче во рацете.
Само 40 минути подоцна, во 23 часот, камерата за монитор за бебиња ја снимила просторијата со исклучени светла. Бебето сега е во креветчето, а тинејџерот заканувачки стои над жената која спие во креветот.
Дерек Роза, половина час подоцна ќе се јави на 911 за да го признае својот грозоморен чин.
Обвинителите кои го објавија материјалот се уште не ја прецизираа неговата содржина. Меѓутоа, сликите објавени од „Њујорк пост“ вклучуваат и шокантно селфи за кое се верува дека 13-годишното момче му го испратило на пријател по бруталното злосторство.
Тинејџерот лежерно позира со исплазен јазик, правејќи гестикулација, а на неговата рака се гледа црвена боја, веројатно крвта на неговата мајка.
Доказите вклучуваат и фотографии од нож со розова рачка што се чини дека е покриена со крв и најверојатно е оружјето за злосторството.
За време на повикот до 911 ноќта на убиството, Роза признал дека ја убил мајка си и дека потоа испратил фотографија на пријател. 13-годишното момче, кое наводно било одлично на училиште, наводно му рекол на операторот дека првично имал намера да се убие со пиштол што го имал во куќата, но на крајот одлучил дека не сака да го стори тоа.
Ноќта на злосторството, сопругот на Гарсија и очувот на осомничениот, кој е возач на камион, бил на работа. Бебето кое лежело во креветчето додека мајката била убиена веднаш до неа е здраво и живо.
Тинејџерот минатиот месец се изјаснил за невин за убиството на неговата мајка и сега треба да му се суди како на возрасен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата