logo
logo
logo

Утре „Денови на кочанскиот ориз“ во скратена форма

Vecer | 04.10.2025

Утре „Денови на кочанскиот ориз“ во скратена форма

Ова издание на манифестацијата, според организираторот Општина Кочани, ќе биде симболично, а поради трагедијата од 16 март во Кочани, годинава не се поканети гости, делегации и учесници уметници.   

Скратената програма и содржини предвидува на нива кај Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и на членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари да го прикажат обичајот зажнејување на традиционален начин. 

Во рамките на овој настан, ќе му биде доделена награда на најуспешниот оризопроизводител.

Исто така, професори од Земјоделскиот факултет при УГД ќе го претстават проектот  „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk