Турист е тешко повреден по напад на ајкула на Малдивите. Според извештаите, лекарите во моментов се борат да му ја спасат ногата откако го каснала ајкула во Нун Атол на Малдивите.
Станува збор за богат гостин кој престојувал во луксузен хотел со пет ѕвезди, каде најевтината ноќ чини 700 фунти, што е околу 800 евра.
Според некои медиуми, станува збор за турист од Русија. Сепак, ниту хотелот ниту руската амбасада во Шри Ланка (која е задолжена и за Малдивите) немаат информации за нападот.
Нун Атол е познат по својата недопрена убавина.
Да потсетиме, во февруари ајкула нападна група туристи нуркачи на Малдивите.
За среќа, тогаш никој не беше сериозно повреден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата