Познато е дека светот на убавината напредна во последните неколку години кога се во прашање козметичките иновативни третмани кои иако делуваат малку нелогично, имаат ефект и даваат задоволителни резултати.
Сепак, дали заради саканите резултати сте подготвени да пиете урина, да нанесете крем за хемороиди на лицето, да се капете во мраз или да пиете шејк од постелка?
Не сме сигурни дека одговорот е потврден, но славните дами се подложуваат на екстремни третмани кога е во прашање нивниот изглед.
Мадона, Ким Кардашијан, Деми Мур, Анџелина Џоли, Гвинет Полтрои, Кејт Холмс, Викторија Бекам, Хилари Даф... се само некои од дамите кои имаат морбидна рутина за нега и убавина.
Мадона
Многумина велат дека капењето во мраз е најдобро за спортски повреди и модринки, а Мадона редовно се подложува на тој третман. Освен тоа, поп-ѕвездата не крие дека сака да испие чаша урина, за која тврди дека е лековита.
Мадона мисли дека урината го намалува нивото на шеќер во крвта, кожата станува посјајна и почиста, а свесна е дека тоа на сите звучи сосема бизарно и невозможно. Сепак, Мадона веќе извесно време е главна мета на критиките поради преголемиот број на естетски операции.
Ким Кардашијан
Ким Кардашијан дефинитивно може да се нарече кралица на чудните трикови за убавина. Ким користи алтернативни методи за нега на кожата. Своето лице го негува со скап „вампирски“ третман, кој вклучува вбризгување на сопствената крв во кожата на лицето.

Пред вбризгувањето, тромбоцитите се изолираат од крвта со посебен уред. Судејќи според она што го кажува, овој третман го подобрува лачењето на колаген и ја прави кожата поеластична и помазна. Покрај тоа, Ким става крема за хемороиди на очните капаци, а нејзиниот шминкер изјавил дека навистина дава резултати.
Деми Мур
Деми Мур се колне дека младешкиот изглед му го должи на третманот со пијавици, но истакнува дека за овој третман се обраќа само на врвни експерти. Секретот од пијавица го спречува згрутчувањето на крвта, ја подобрува циркулацијата и спречува појава на лузни од акни на кожата на лицето.
Сепак ова не е единственото што го прави со сигурност, а неодамна се најде во центарот на вниманието заради операциите кои ги направила на лицето.
Хилари Даф
Пред три години Хилари Даф им се придружи на познатите мајки кои се „пофалија“ дека ја јаделе или пиеле плацентата по породувањето.
„Според теориите, така се превенира постпородилната депресија и се запира постпарталното крвавење, така што тоа беа сосема доволно добри причини да пробам“, рекла Хилари, додавајќи дека се чувствувала одлично и дека остатокот од плацентата го консумирала како коцки мраз.
Плацентата по породувањето ја изела и манекенката Криси Тајген, додека Ники Ред, Ким и Кортни Кардашијан и Кетрин Хигл ја консумирале во вид на капсули.
Анџелина Џоли
Иако кавијарот спаѓа во едно од најскапите и најексклузивните јадења во светот, Анџелина Џоли не го јаде, туку го мачка на кожата. Експертите велат дека на овој начин лицето ги чисти антиоксидантите, а се подобрува и лачењето на колаген и се забавува стареењето на кожата.

Ако ве интересираше тајната на младешкиот изглед на Џоли, сега конечно сте мирни.
Викторија Бекам
Верувале или не, птичјиот измет е главната состојка во кремите кои ги користат познатите дами. За овој супер чуден третман би требало да потрошите неколку стотици долари за да го нанесете овој „уникатен“ производ на вашето лице.

Негов главен поборник е Викторија Бекам, а треманот содржи измет од птици, ориз, вода...
Гвинет Палтроу
Гвинет Палтроу и Кејт Холмс со години користат змиски отров за да го одржат младешкиот изглед. За што всушност станува збор? Швајцарските хемичари осмислиле синтетички отров кој ги парализира мускулите и прави да изгледате доста помладо.

Во буквална смисла, овој изум го заменува ботоксот и дава одлични резултати. А
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата