logo
logo
logo

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години

Vecer | 23.04.2026

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години

Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците.

Платформите ќе бидат обврзани да обезбедат јасни, разбирливи и лесно достапни алатки за родителски надзор. Овие алатки ќе овозможуваат управување со поставките на корисничките профили, како и контрола на активности што вклучуваат плаќања - како купувања, изнајмувања и претплати кои ќе можат да се извршуваат само со претходна согласност од родителите, како и следење и ограничување на времето поминато на платформите, јави ТРТ.

Давателите на услуги на социјалните мрежи, меѓу другото, ќе имаат обврска да преземат мерки за спречување на измамничко огласување. Според законот, странските платформи за онлајн игри со повеќе од 100.000 дневни корисници од Турција ќе треба да назначат официјален претставник во земјата, со цел да се обезбеди доследно спроведување на правилата и усогласеност со националното законодавство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk