logo
logo
logo

Турција: Викендот температури до 30 степени, идната недела зимата ќе се врати

Vecer | 12.03.2025

Турција: Викендот температури до 30 степени, идната недела зимата ќе се врати

Во меѓувреме, пустинската прашина од Сахара ќе покрие многу области во земјата. Пустинска прашина покри делови од метрополата Истанбул, а во текот на викендот се очекува пустинска прашина да има и над главниот град Анкара, како и во областите околу Егејското Море. Во понеделник се очекува намалување на негативните ефекти од пустинската прашина.

Во меѓувреме, според податоците на Метеоролошката служба на Турција, викендов на повеќе места во земјата се очекува вистинско лето со температури до 30 степени Целзиусови. За Анкара прогнозите укажуваат дека максималната температура ќе достигне до 28 степени.

На почетокот на идната недела, пак, се предвидува студен атмосферски фронт да зафати многу делови од земјата, со намалување на температурите за над 20 степени.

Се очекува пороен дожд, а на места можни се и врнежи од снег. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk