logo
logo
logo

Туристи жртви на ВИ-измама за „божиќен базар“ пред Бакингемската палата

Vecer | 24.11.2025

Туристи жртви на ВИ-измама за „божиќен базар“ пред Бакингемската палата

Слики создадени со вештачка интелигенција од наводен блескав празничен базар пред британската кралска резиденција кружат на социјалните мрежи, заведувајќи ги посетителите да се упатат кон, всушност - непостоечката „зимска бајка“.

Меѓу страниците што ја шират фотографијата на „Тик-ток“, „Фејсбук“ и „Инстаграм“ е и „Лондон травелерс“ (london.travelers) - интернет-страница на американската туристичка компанија „Атотел“ (Athotel) со околу 2,5 милиони следачи. Според „Метро“, таму е објавена лажната ВИ-снимка, којашто подоцна била отстранета.

Поблизок поглед на лажната снимка открива голем број апсурди: „Снежни“ тезги зад портите на палатата (невозможна глетка поради строгите безбедносни мерки) и светла што лебдат во воздух.

Всушност, оваа година Бакингемката палата има само мала божиќна тезга. Тоа е привремената Божиќна продавница „Ројал мјуз“ (Royal Mews Christmas Shop), што ќе работи од 14 ноември до 5 јануари. Во неа се продаваат празнични изданија на официјални кралски сувенири, како и сезонски напитоци и закуски.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk