logo
logo
logo

Тригодишно девојче со забиен нож во главата мирно оди на доктор (Вознемирувачко видео)

Vecer | 25.08.2025

Тригодишно девојче со забиен нож во главата мирно оди на доктор (Вознемирувачко видео)

Грозните снимки станаа вирални на социјалните мрежи во Кина пред неколку дена.

Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, инцидентот станал познат на 15 август, кога еден граѓанин објавил видео од девојчето и нејзината мајка како шетаат низ ходниците на болницата Донгкуан во градот Кунминг, покраината Јунан.

Мајката првично рекла дека дома менувала чаршав и дека додека ја тресела крпата, ножот излетал и се забил во главата на нејзината ќерка.

Сепак, подоцна наводно им признала на лекарите дека ѝ се заканила на ќерка си со ножот затоа што малото девојче било „хистерично“ и случајно ја повредила.

Сечилото од 15 сантиметри на детето било заглавено веднаш над левото уво. Мајката наводно се обидела сама да го извади ножот, но кога не успеала, наместо да повика брза помош, го зела детето за рака и сама влегла во одделот за итни случаи!

На видеото се гледа како девојчето мирно оди низ болничките ходници, држејќи ја мајка си за рака, додека лекар ги следи. Лекарите успеале безбедно да го отстранат сечилото, а девојчето е под надзор.

Полицијата потврди дека станува збор за несреќа и изјави дека нема елементи на кривично дело.

Лекарите изјавија дека сè можело да заврши трагично.

„Доколку мајката сама го извадела ножот, штетата можела да биде неизмерлива. Добро е што веднаш побарала медицинска помош“, изјавија тие.

Видеото предизвика бура од реакции на кинеските социјални медиуми, при што милиони корисници изразија шок. Многумина остро ја критикуваа мајката, со коментари како: „Дали е оваа мајка нормална? Полицијата треба да ја истражи“, додека други се фокусираа на детето, изразувајќи восхит за неговата храброст и смиреност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk