logo
logo
logo

Триесет и пет години по обединувањето илјадници Германци се уште добиваат пристап до досиејата на Штази

Vecer | 02.10.2025

Триесет и пет години по обединувањето илјадници Германци се уште добиваат пристап до досиејата на Штази

Во првата половина од 2025 година федералниот архив примил 16.213 барања од граѓани за пристап до досиејата , за ДПА денеска изјави портпаролот на архивот. Минатата година биле „отворени“ околу 28.571 досиеја.

-Архивата на евиденцијата на Штази и другите документи за поранешна Источна Германија во Федералниот архив сведочат за репресијата врз луѓето и непочитувањето на слободата на печатот и слободата на мислењето во диктатура, рече претседателот на архивот, Михаел Холман.

Според Федералниот архив, откако беа ставени на увид досиејата на Штази во 1990 година до денеска се отворени повеќе од 7,5 милиони досеја, пренесува ДПА

Речиси 3,5 милиони барања се поднесени од јавни личности, додека медиумите, академијата и властите исто така можат да побараат пристап.

Според статистиката, најголем број барања имало  во 2019 година со 56.526 поднесоци.

Овие документи станаа дел од Федералниот архив во јуни 2021 година, откако по три децении работа беше распуштена независната канцеларија за евиденција на Штази.

Меѓу милионите документи се досиеја за масовното шпионирање на населението од страна на Штази, како и фотографии и аудио снимки.

На 3 октомври 1990 година, државите што ја сочинуваа Источна Германија беа интегрирани во Сојузна Република Германија - формалното име за Западна Германија - со што се стави крај на долгата поделба на германската нација по Втората светска војна.

Утрешниот 3 октомври е национален празник во Германија, попознат како Ден на германското единство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk