Според дизајнерите на ентериер, постојат неколку вообичаени грешки поради кои вашата бања може да изгледа лошо, но постојат и начини како да ги поправите.
Слабо осветлување
Според дизајнерите, една од главните причини за лошиот изглед на бањата е лошото осветлување, особено она што доаѓа само од плафонот. Дизајнерката Елизабет Вергара за „The Spruce“ вели дека ваквото осветлување создава остри сенки и може да го направи просторот ладен и непривлечен.
Ако вашата бања не е реновирана неодамна, сигурно се соочувате со овој проблем. Но, решението е едноставно. За да создадете потопла и поудобна атмосфера, се препорачува да додадете извори на светлина. Вергара предлага користење на „LED“ лента околу огледалото, а замената на обичните тавански светилки со нешто поразлично може значително да го подобри изгледот на бањата.
Неред
Дизајнерката Џенифер Џонс истакнува дека и најубавите и најпрофесионално дизајнираните бањи можат да изгледаат евтино и непривлечно поради нередот. За среќа, ова е проблем што може лесно да се реши.
Џонс советува да се минимизира бројот на производи на работните површини со користење на шкафчиња и фиоки за полесен пристап. „Јас лично сакам да користам акрилни организатори за шминка и производи за нега на кожата“, вели таа.
Искористете го максимумот од вашиот простор за складирање со помош на организатори за фиоки и други паметни решенија, како што се организатори под шкафчето, ротирачки полици или полици на извлекување. Ако имате дополнителен простор, размислете за поставување на полици или фиоки или поставете шкафчиња.
Пластична кутија за дозирање на сапун
Една од грешките што дизајнерите советуваат да се избегнува се пластичните кутии за дозирање на сапуни со видливи етикети. „Ве молам ослободете се од пластичните дозери за со грди етикети“!, вели Џонс.
Наместо тоа, таа препорачува да купите едноставни и модерни стаклени или керамички дозери на сапун.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата