logo
logo
logo

Требало да ја прогласат за Мис, наеднаш се предомислила и станала калуѓерка (ВИДЕО)

Vecer | 08.06.2025

Требало да ја прогласат за Мис, наеднаш се предомислила и станала калуѓерка (ВИДЕО)

Вистинското име на сестрата е Камила Кардосо, а пред да се сврти кон Бога и верата, таа беше модел и учествуваше на натпревари за убавина. Го напушти својот претходен живот на 18 години, а денес сестра Ева е дел од заедницата Санкта Деи Генитрикс, која не е дел од Римокатоличката црква.

Видеото во кое сестра Ева, облечена во калуѓерска облека, нуди религиозни предмети на улица брзо привлече внимание и стана вирално на социјалните мрежи. Иако многумина не знаеја што правела претходно, беа воодушевени од нејзината убавина.

Веднаш започнаа споредби и коментари од луѓе на мрежите кои беа малку шокирани од фактот дека убава девојка која се свртила кон верата некогаш била во светот на манекенството.

Патем, таа, заедно со други калуѓерки, е активна на социјалните мрежи каде што споделува моменти од својот духовен живот и хуманитарна работа.

Камила некогаш ја носеше лентата на Мис Континенте Тин Сол Насенте, но се повлече од натпреварот еден ден пред финалето за да се посвети на својата вера. Денес, со шамија и калуѓерска облека, таа секојдневно посетува барови, пазари и продавници, собирајќи средства за социјалните проекти на нејзината заедница со седиште во Сол Насенте.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Hugo Gloss (@hugogloss)

И покрај фактот дека ја интригира јавноста со својот приватен живот, таа останува дискретна во врска со тоа и е посветена на својата религиозна мисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk