logo
logo
logo

Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ

Vecer | 13.03.2025

Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила вчера.

-Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија, напиша Трамп за европските давачки за вискито на „Truth Social“.

Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании кои произведуваат вино и шампањ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk