logo
logo
logo

Трамп нареди Бирото за затвори повторно да го отвори Алкатраз

Vecer | 05.05.2025

Трамп нареди Бирото за затвори повторно да го отвори Алкатраз

 Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека му наредил на Бирото за затвори да го обнови и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз во заливот Сан Франциско за да „ги смести најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“.

"Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.

Во Федералниот затвор Алкатраз биле сместени озлогласени американски криминалци како Ал Капоне пред да биде затворен во 1963 година. Сега е една од најпопуларните туристички дестинации во Сан Франциско.

Алкатраз беше прогласен за најбезбеден затвор во Америка поради неговата островска локација, ледените води и силните струи. Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство од Алкатраз, иако петмина затвореници се наведени како „исчезнати и се претпоставува дека се удавени“.

Алкатраз беше затворен бидејќи било премногу скапо да продолжи да работи, според веб-страницата на Федералното биро за затвори, претежно поради неговата островска локација. Неговото работење било речиси три пати поскапо од кој било друг федерален затвор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk