logo
logo
logo

Тито бил голем гурман, но имало едно јадење кое не го поднесува

Vecer | 04.05.2026

Тито бил голем гурман, но имало едно јадење кое не го поднесува

Словенецот Јоже Осели, последниот батлер и личен готвач на Јосип Броз Тито, откри детали за прехранбените навики на доживотниот југословенски претседател, за кого работел во резиденцијата на Брдо во близина на Крањ од 1972 година до неговата смрт на 4 мај во 1980 година.

Во својата книга „Титовите последни денови“, Осели напишал дека на Тито секој ден му се сервирале разни јадења со месо, со прилози и салати, а потоа тој избирал што ќе јаде тој ден.

Сепак, имало едно јадење што не можел ни да го замисли на својата чинија. Кога еднаш му биле сервирани полжави, неговата реакција била многу јасна. „О, не, навистина не можам да јадам полжави“, рекол Тито.

Оваа анегдота ја раскажа словенечки готвач кој, со сопругата Метка, бил задолжен за подготовка на храна и организирање приеми во резиденцијата на Тито седум и пол години. Благодарение на оваа работа, тој имал можност да готви и за бројни познати личности од светот на политиката и филмот.

Полжавите се сметаат за деликатес во многу делови од светот. Најпознати се во Франција, каде што се служат како предјадење, најчесто во сос од путер, лук и магдонос. Се консумираат и во делови од Азија, на пример во Виетнам, каде што се дел од традиционалната кујна.

Омилени јадења и утрински ритуал

Кога станува збор за омилени јадења, Тито особено ја ценел загорската кујна, а најмногу ги сакал загорските штрукли. Како месо претпочитал говедско месо. Денот го започнувал со еспресо без шеќер.

Понекогаш морал да држи диета

Иако Јосип Броз Тито се сметал себеси за голем гурман кој уживал во добрата храна, понекогаш претерувал, поради што за него била дизајнирана посебна нутриционистичка програма. Детали за неговата исхрана и менија се опишани во книгата на Бранко Трбовиќ, долгогодишен нутриционист на Тито.

Трбовиќ поминал повеќе од триесет години со југословенскиот претседател, грижејќи се за неговата исхрана на патувања, во Белата палата, на Брионските острови, на бродот Галеб и на Синиот воз. Тој ги запишал своите сеќавања и менија во книгата „Мениа на познати луѓе - Како јадеше Јосип Броз Тито“.

Книгата не е само збирка рецепти, туку дава и „гурмански“ увид во политиката и секојдневниот живот од тоа време, набљудувани од перспектива на готвач. Таа на хумористичен начин ги опишува ликовите и навиките во исхраната на познати светски и југословенски личности. Тука можете да дознаете како изгледало менито за диетата на Тито.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk