logo
logo
logo

Татко и син предизвикале хаос, додека истражувале тунели под нацистички логор- скапо ќе платат

Vecer | 18.11.2025

Татко и син предизвикале хаос, додека истражувале тунели под нацистички логор- скапо ќе платат

Тие одлучиле да го истражат системот на тунели на Меморијалниот комплекс, каде што некогаш се наоѓал концентрациониот логор Мителбау-Дора, не сомневајќи се на хаосот што ќе настане.

Загрижена поранешна сопруга

Станува збор за огромна мрежа, длабоко во планината Конштајн, каде што за време на Втората светска војна затворениците биле принудени да работат во брутални услови и да произведуваат оружје за нацистите.

Пред да замине, мажот ја информирал својата поранешна сопруга за своите планови. Кога сопругата сфатила дека не одговараат на повиците, веднаш ја контактирала полицијата.

Властите започнале голема операција, бидејќи постоел оправдан страв дека животите на таткото и синот се во опасност, објавува Велт.

Неочекуваниот ефект од потрагата

Тимови со кучиња трагачи работеле на терен, додека хеликоптер кружел над нив. Целта била што поскоро да се пронајдат „исчезнатите“ лица.

Сепак, потрагата имаше неочекуван ефект - таткото и синот го забележале хеликоптерот и полициските патроли и, исплашени, решиле да се сокријат!

Подоцна, тие контактирале со член на семејството по телефон, кој ги известил властите и потврдил дека се живи, со што потрагата завршила.

Исклучително опасни дејствија

Полициската управа го искористи овој случај за да ја предупреди јавноста, особено љубителите на „напуштени места“, дека ваквите дејствија не се само нелегални - туку и исклучително опасни.

Оваа авантура би можела скапо да го чини таткото, бидејќи најверојатно ќе мора да ги сноси трошоците за целата операција, вклучително и користењето на хеликоптерот.

Покрај тоа, против него и неговиот син е поднесена пријава за неовластен влез во заштитено подрачје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk