logo
logo
logo

Татко го чисти снегот од автомобилот, користејќи го своето тримесечно бебе (ВИДЕО)

Vecer | 29.01.2025

Татко го чисти снегот од автомобилот, користејќи го своето тримесечно бебе (ВИДЕО)

На него се гледа како 25-годишен маж го чисти снегот од автомобилите и шофершајбните користејќи, ви се верува, со тримесечно бебе, пренесува Дејли Мејл.

Снимката е снимена на 21 јануари, по снежното невреме во овој дел на Тексас. Оттогаш е избришана од TikTok, но не пред адвокат да ги извести властите.

Се верува дека мажот облечен во темни панталони и бела маичка го држи својот син и го „трие“ од предното и задното ветробранско стакло за да го отстрани снегот.

Началникот на полицијата во Порт Артур, Тим Дурисо, вели дека го истражуваат инцидентот со Службите за заштита на децата. Засега е утврдено дека таткото не бил сам за време на снимањето, а неговиот идентитет не е соопштен.

 „Имаше две жени до него, а се сомневаме дека една од нив е мајката. Тримесечното дете е добро и се уште е со родителите“, рече тој.

Дурисо истакнува дека ова е „тажна ситуација“.

„Знам дека многу луѓе одат на социјалните мрежи и бараат кликови, но ова не е ситуација кога треба да ставите бебе на шофершајбна“, рече тој.

Видеото предизвика поделени мислења на социјалните мрежи. Некои веруваат дека мажот треба да сноси одговорност за своите постапки, додека други сметаат дека сè е безопасна шега.

„Не можев да поверувам кога видов што прави. Не треба да се дозволи во близина на ниту едно дете“, напишало едно лице, додека друго додаде: „И мајката треба да биде казнета, ако стоела во близина“.

Некои веруваа дека човекот ја исчистил шофершајбната користејќи кукла.

„Очигледно облече кукла и го направи ова.Навистина не изгледа дека детето е живо“, напишал еден корисник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk