logo
logo
logo

Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години

Vecer | 09.08.2025

Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години

Истражувањето спроведено од професорот Мајлс Ричардсон од Универзитетот во Дерби покажува дека луѓето се изложени на ризик од „губење искуство во природниот свет“ доколку не се преземат нови мерки, објави „Гардијан“.

Компјутерските модели за предвидување сугерираат дека врската на луѓето со природата ќе продолжи да се намалува доколку не се воведат различни политики и промени во однесувањето, како што се изнесување на децата на отворено и радикално озеленување на урбаните средини.

Во истражувањето објавено во списанието „Earth“, Ричардсон, исто така, укажа на губењето на термините поврзани со природата од книгите во периодот од 1800 до 2020 година, при што трендот го достигна својот врв во 1990 година, но сега се забележуваат некои позитивни промени.

„Врската со природата сега е прифатена како клучна причина за еколошката криза“, наведува научникот, додавајќи дека оваа врска е од витално значење и за нашето ментално здравје.

Според него, трансформацијата е потребна ако сакаме да го промениме односот на општеството со природата.

Како што истакна научникот, иако зголемувањето на зелените површини во градовите за 30 проценти изгледа како напредок, истражувањата покажуваат дека на еден град можеби ќе му требаат 10 пати повеќе зелени површини за да го сврти трендот на слабеење на врската со природата.

Како што е наведено во заклучоците од студијата, поефикасни мерки се подигање на нивото на свест и поминување време со мали деца и семејства во природа.

Истражувањата покажаа дека жителите на британскиот град Шефилд поминуваат просечно само четири минути и 36 секунди дневно во природната средина.

Ричардсон заклучи дека клучна е работата со родителите и децата за да се фокусираат на престојот во природа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk