Истражувањето, кое опфатило 31 мачка и нивните сопственици, открило дека мачките во првите 100 секунди од контактот со мажи се огласувале во просек 4,3 пати, додека при контакт со жени тоа се случувало само 1,8 пати, соопштува Њујорк тајмс (The New York Times).
Според истражувачите, објаснување е тоа што мажите се помалку внимателни кон знаците што ги испраќаат нивните миленици, па затоа мачките почесто мјаукаат, да го привлечат нивното внимание.
Жените, од друга страна, имаат тенденција да бидат попосветени и подобро да ги препознаваат емоциите на мачките, што ја намалува потребата од често мјаукање.
Во оваа студија се опфатени 22 различни начини на однесување за време на контактот, по што се докажало дека честото мјаукање зависи од полот на сопственикот. Резултатите од овој научен труд покажаа дека мачките почесто се огласуваат на машките сопственици, отколку на сопствениците од спротивниот пол.
Па така, според авторите, поздравите кај мачките се комплексни и разновидни, одразувајќи различни емоционални и мотивациски состојби, кои можат да бидат последица од надворешни фактори, како што е и полот на лицето на кое мјаукаат. Според нив, од голема важност е сопствениците да умеат да го разберат различното однесување на своите миленици, што би довело до поквалитетна врска меѓу нив.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата