logo
logo
logo

Страшна средба во шума: планинар шетал во шума, кога бил нападнат од разлутена мечка (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2025

Страшна средба во шума: планинар шетал во шума, кога бил нападнат од разлутена мечка (ВИДЕО)

Неговиот живот не е во опасност, но 29-годишникот претрпел повреди на градите и раката, се вели во соопштението, објави Њујорк Тајмс.

Одговорните ја затвораат патеката

Планичарот вчера бил сам на патеката Турбид Лејк кога се сретнал со дивото животно и се обидел да го употреби спрејот, соопшти паркот.

Врз основа на природата на нападот, најверојатно станува збор за гризли мечка, иако човекот рекол дека можеби станува збор за црна мечка, се додава.

По инцидентот, службениците ја затворија патеката Турбид Лејк, која се наоѓа североисточно од Мери Беј на езерото Јелоустоун.

„Одбранбена реакција“

„Бидејќи ова беше одбранбена реакција на мечката за време на ненадејна средба, паркот нема да преземе никакви мерки против животното“, соопшти Националниот парк Јелоустоун.

Инцидентот што се случи вчера е прв од ваков вид во Јелоустоун од мај 2021 година. А потоа мечка нападнала планинар кој бил сам.

Службениците препорачуваат планинарите да одат во групи од најмалку три лица за да го намалат ризикот од непријатни средби со диви животни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk