Познатата Караѓорѓева шницла доби своја посна верзија, но и ново име, кое стана хит на социјалните мрежи.
Таканаречената шницла 'рибоѓорѓева' беше тема на утринската програма на ТВ Прва што го забележаа корисниците на социјалните мрежи и почнаа масовно да коментираат и да се шегуваат на сметка на „посната сестра“ на познатата Караѓорѓева шницла.
„Ако Караѓорѓе сега не стане, никогаш нема“, „Карарибова веројатно“, „Уште една жртва на различностите“, „Караѓорѓева е за жени, а рибоѓорѓева за мажите“, се само дел од духовитите коментари на оваа тема. .
Што е рибоѓорѓева шницла?
Ова јадење веќе некое време е достапно во српските рибарници, а тоа е панирана филета од ослиќ или сом што може да се полни со различни комбинации, на пример, житарки и зеленчук или растително сирење, а може да се додаде и варен рендан компир или кускус.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата