logo
logo
logo

Срдечни честитки од Свештената бигорска Обител за изборот на г.Георгиј

Vecer | 12.06.2025

Срдечни честитки од Свештената бигорска Обител за изборот на г.Георгиј

Денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, за нов митрополит на овдовената Дебарско-кичевска епархија беше избран Високопреподобниот игумен о. Георгиј.

-Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо, стои во објавата на Бигорски манастир.

Во објавата се наведува дека изборот е извршен на денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. 

Исто така објавена е и кратка биографија на отец Георгиј (Ѓорѓевски).

-Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 12 јули 2025 година, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, а епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13 јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид. На многаја лета!", се додава во објавата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk