logo
logo
logo

Според една студија генерацијата Z го занемарува сексот и се фокусира на други нешта

Vecer | 27.02.2026

Според една студија генерацијата Z го занемарува сексот и се фокусира на други нешта

Сонот и кариерата пред страста

Според анкета спроведена од EduBirdie на 2.000 испитаници, дури 67% од припадниците на Генерацијата Z, би избрале мирен сон наместо секс, објавува New York Post. Но, тоа не е сè. Анкетата, исто така, покажала дека 64% од младите луѓе даваат приоритет на одржувањето стабилна работа, 59% од испитаниците биле фокусирани на личниот успех, половина од нив се залагале за здрави пријателства, додека 46% попрво би избрале време само за себе.

Сепак, оваа помлада генерација не е срамежлива. Податоците покажуваат дека 37% од нив експериментирале сексуално, 29% имале секс на јавно место и 23% испратиле провокативни пораки за време на работното време.

Промислен пристап кон интимноста

Јулија Алексенко, аналитичар на популарната култура и медиумите во EduBirdie, нагласува дека постарите генерации не треба да ги осудуваат младите луѓе. „Генерацијата Z расте во ерата на конзервативни реакции која уследи после слободарските движења. Воведувањето на контрацептивни пилули, нормализирањето на лесните дроги и „летото на љубовта“ (врвот на хипи-движењето во летото 1967 г.) се далечно минато за нив“, објасни таа.

„Податоците покажуваат дека Генерацијата Z пристапува кон интимноста повнимателно од постарите генерации: 82% инсистираат на разговор за поставување граници отколку на интимност, а 92% немаат проблем да одбијат интимен однос. Нема ништо лошо во тоа да одбијат бесмислени искуства за кои подоцна ќе зажалат“, додава Алексенко.

Нереалните стандарди на социјалните медиуми се виновни

Додека младите луѓе имаат свои причини за недостатокот на сексуален живот, податоците од Општата социјална анкета покажуваат дека минатата година секој трет маж и секоја петта жена во Америка немале интимен однос. Експертите веруваат дека социјалните медиуми се еден од главните виновници.

Сексуалниот невролог д-р Дебра Сох во својата нова книга „Секстинкција: Падот на сексот и иднината на интимноста“ вели: „Идеализирањето на невозможно високите стандарди ги наведе мажите да веруваат дека „инфлуенсерките“ со милиони следбеници еден ден ќе им обрнат внимание. Истовремено, жените се убедени дека треба да им обрнуваат внимание само на мажи високи над 1.80 м, кои се астрономски богати“.

На ваквата ситуација не ѝ помага ни фактот што многу млади жени се одлучуваат за целибат затоа што веруваат „едновечерната авантура им користи исклучиво на мажите. „Не сакам да осудувам, но овие попатни врски го уништуваат моментот кога конечно ќе ја пронајдете личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот. Тие ви го одземаат она посебно, интимно искуство што треба да го имате со таа личност“, изјавила Мандана Заргами за „The Post“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk