logo
logo
logo

Слика од Моне продадена за рекордни 10,2 милиони евра на аукција

Vecer | 17.04.2026

Слика од Моне продадена за рекордни 10,2 милиони евра на аукција

Сликата на Клод Моне „Утро во Ветеј“, насликана во 1901 година, продадена е за речиси 10,2 милиони евра на наддавање на аукциската куќа „Сотби'с“ во Париз, што е рекордна цена постигната во Франција за дело на овој уметник последниве години. А, друга слика на Моне - „Островите во Порт-Вил“ од 1883 година, достигна 6,45 милиони евра на истата продажба, објави „Ле фигаро“.

Насликани со разлика од 20 години, и двете слики ја прикажуваат Сена на места близу населбата Живерни, северозападно од Париз, каде што живеел Моне.

Според аукциската куќа, ова се рекордни цени за делата на Моне продадени на аукција во Франција откако е отворен меѓународниот пазар за купувачи од цел свет во 2000 година. Сликите биле во приватни колекции речиси еден век. „Утро во Ветеј“ се проценуваше меѓу 6 и 8 милиони евра, а „Островите во Порт-Вил“ - меѓу 3 и 5 милиони евра.

Рекордната цена за дело на Моне била 110,7 милиони долари, за „Стогови сено“ продадена во Њујорк, САД, 2019 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk