Пикасо ја насликал „Tête de Femme“ (Глава на жена) во 1941 година. Платформата за онлајн продажба на билети вели дека бројот на билети ќе биде ограничен на 120.000, што значи дека ако сите се продадат, би можеле да се соберат 12 милиони евра, опбјави Гардијан.
Од приходите, 1 милион евра ќе одат во „Галери опера“, меѓународната уметничка фирма која ја поседува сликата. Кампањата ќе биде наменета за Фондацијата за истражување на Алцхајмеровата болест, која се наоѓа во една од водечките јавни болници во Париз.
Организаторите велат дека две претходни „Лотарии на Пикасо“ собрале повеќе од 10 милиони евра за културни дела во Либан и програми за вода и санитација во Африка.
Првата таква уметничка лотарија што нуди „1 Пикасо за 100 евра“ беше одржана во 2013 година, а пожарникар во Пенсилванија ја освоил сликата „Човекот со шапката на операта“, насликана во 1914 година од шпанскиот мајстор за време на неговиот кубистички период, објавува „Гардијан“.
Друга слика од Пикасо, „Мртва природа“ во масло на платно (Nature Morte), беше наградата во 2020 година и отиде кај сметководител во Италија чиј син купил лотариски билет за својата мајка како божиќен подарок.
Сликата, насликана во 1921 година, беше обезбедена за добротворната лотарија со купување од милијардерот колекционер на уметнички дела Дејвид Намадо, кој во едно интервју тврдеше дека Пикасо би одобрил продажба на неговите дела на лотаријата. Пикасо почина во 1973 година.
„Пикасо беше многу дарежлив. Тој им даваше слики на својот возач, на својот кројач. Тој сакаше неговата уметност да ја собираат сите видови луѓе, а не само супербогатите“, рече Намад.
„Tête de Femme“ ќе биде изложена во аукциската куќа „Кристи“ во Париз од денес, а извлекувањето за добитниот билет ќе се одржи на истото место во вторник во 18 часот по локално време.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата