Актерката Џејн Фонда и на 86 години се уште воодушевува со својот неверојатно младешки изглед, а на овогодинешниот Кански фестивал изненади со скандалозниот испад кон режисерката Џастин Трије.
Фонда на режисерката и ја врачувала наградата Златна палма за филмот „Анатомија на падот“, која таа заборавила да ја земе со себе кога ја напуштила сцената. Актерката потоа се обидела да и го привлече вниманието, но набрзо го изгубила трпението и со наградата фрлила по неа.
— Thomas Lévy-Lasne (@ThomasLevyLasne) May 27, 2023
Моментот, секако, го уловија камерите, а Трије делуваше како да не го ни почувствува „ударот“. Исфрустрираната Фонда потоа истрчала кон неа и бесно гестикулирала, а видеото стана вирален хит. Сепак, некои тврдат дека целата сцена била една голема шега.
Инаку, Жистин Трије стана третата режисерка која ја добила Златната палма, а нејзиниот психотрилер „Анатомија на падот“ е за успешна авторка која е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата