logo
logo
logo

Сите се чудат од најпознатата фонтана во Рим: Какво е ова е базенче (ФОТО)

Vecer | 02.11.2024

Сите се чудат од најпознатата фонтана во Рим: Какво е ова е базенче (ФОТО)

Властите во Рим привремено ја забранија традицијата на фрлање монети со десната рака преку левото рамо во познатата Фонтана ди Треви додека продолжуваат работите за реновирање на знаменитоста на градот од 18 век и излегоа со алтернатива на традицијата, која, сепак, не наиде на одобрување.

Обичајот луѓето, свртени со грбот кон Фонтаната Треви, да фрлаат паричка со десната рака преку левото рамо, треба да гарантира дека секој што ќе го стори тоа ќе се врати во Вечниот град. За да ја задржат традицијата и покрај работите на фонтаната, до која пристапот во моментов е блокиран, градските татковци дошле до решение во форма на мал правоаголен базен во кој милиони туристи би можеле да ги фрлат своите монети како завет за враќање во Рим.

Само неколку часа откако базенот беше отворен за посетителите, не требаше долго за исмејување на социјалните мрежи. „Замислете дека сте поминале неколку часа во авион за Рим за да ја видите Фонтаната Треви, а потоа ќе се најдете пред барикада, пред мал детски базен“, напишал еден корисник на X.

„Какво потсмевање е ова? Ова личи на базен на надувување“, додаде друг. Работата на Фонтаната Треви, барокна знаменитост што датира од 1762 година, започна пред еден месец. Познатата фонтана треба да биде целосно обновена пред јубилејот во 2025 година, кога светите двери на црквата Св. Петар и други цркви.

Одржувањето на фонтаната е дел од пошироката интервенција во рамките на програмата за реставрација на монументалните фонтани во историскиот центар на Рим. Програмата ги вклучува и фонтаните Quirinale и Barcaccia, како и Fontana delle Tartarughe и Fontana delle Tiare.

Собраните монети - во вредност од околу 3000 евра секој ден или околу 1,5 милиони евра секоја година - се предаваат на Каритас од 2001 година, која ги користи за помош на бездомниците во Рим и на семејствата во финансиски тешкотии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk