Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени кои во 2021 година околу десет месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите.
Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на сексуална злоупотреба и малтретирање на работното место. Наводно пејачот ги присилувал на сексуални односи, малтретирајќи ги вербално и физички. Американската телевизија Унивисион (Univision) и шпанскиот портал „Ел диарио“ (elDiario.es) водат тригодишна истрага за овој случај.
Хулио Иглесијас важи за еден од најпродаваните латино изведувачи во светот, со повеќе од 300 милиони продадени албуми на 14 јазици. Обвинувањата предизвикаа силни реакции во Шпанија, каде што пејачот со децении се смета за музичка икона. Од Обвинителството информираа дека истражната постапка е започната по поднесена пријава на 5 јануари, и дека засега нема официјален одговор од претставниците на 82 годишниот Иглесијас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата