Шеик луд по автомобили го направи најголемиот Hummer H1 во светот.
Неверојатното возило може да се пофали со висина од 6,6 m и може да се вози. Долг 14 метри и широк 6 метри, џипот чудовиште го нарачал шеикот Хамад Бин Хамдан Ал Нахјан.
Шеикот, милијардер, член на кралското семејство на Емиратите, го држи Гинисовиот рекорд за најголема колекција на возила 4x4 во светот, броејќи 718 модели.
Таканаречениот Hummer H1 - X3, се вози по патиштата. Базиран на амфибискиот камион LARC-LX на американската армија, тој работи на четири дизел мотори и е способен за максимална брзина од 32 km/h.
Внатрешноста е распослана на два ката, на кои се уште се работи.
https://youtu.be/of4zzjKWE_4
На првиот кат има скали, тоалет и мијалник. На вториот приватно место каде што се примаат и забавуваат гостите и пријателите од куќата, со поглед од 360 степени. Содржи и контролна кабина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата