Истражувањето покажало дека нивото на сетаронин може да влијае на располежението и однесувањето, а сератонинот е поврзан за добро чуство и долг живот
Сератонинот е хормон делува како стабилизатор на расположението. Се вели дека помага при здрави навики за спиење и го крева расположението.
Сератонинот е хормон за кој се верува дека делува како стабилизатор на расположението. Помага при здрави навики за спиење, како и тоа дка го подига расположението. Суплементите можат да го зголемат нивото на сератонин преку аминокиселина триптофан.
Природен начин за можно зголемување на нивото на сератонин, треба да се јаде храна која содржи триптофан. Познато е дека недостаток на триптофан се забележува кај оние со пореметено расположение како што е депресија и анкциозност.
Еве кои намирници можат да помогнат во зголемување на нивото на сератонинот.
1. Јајца
Протеинот во јајцата може значајно да го зголеми нивото на триптофан во крвната плазма, спрема истражувањта од 2015 година. Професионален совет: Не ја изоставувајте жолчката. Жолчката е исклучиво богата со триптофан.
2. Сирење
Сирење е уште еден извор на триптофан. Вкусен фаворит со кој можете да направите макарони со сирење, каде се комбинира со јајца и млеко, кој исто така е добар извор на триптофан.
3. Ананас
Со децении се покажало дека ананасот содржи сератонин. Имајте на ум додека некои билки, како што е доматот, го зголемуваат сератонинот додека зрее, тоа не е случај со ананасот- консумирајте ги додека се свежи.
4. Тофу
Производите од соја се богати извори на триптофан. Тофу може да замени скоро секој протеин, во скоро секој рецепт, што го прави одличен извор на трипофан за вегетерјанци и вегани
5. Зрнести плодови и семки
Ореви, бадеми, лешници, фстци, семки, сончоглед содржат триптофан. Студијата покажала дека конзумирање едка рака од овие плодови дневно може да го намали ризикот на заболување од рак, срцеви болести и респираторни проблеми. Тие исто така се добар извор на влакна, витамини и антиоксиданси.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата