Би-Би-Си деновиве ја пренесе приказната за еден Британец кој заминал на работа во Украина а се вратил дома бос, без пари и без жена.
Имено, животот на Џејмс му се свртил наопаку во јули 2017та година - кога принудно се оженил за другарка на неговата сакана за да на крај биде пренесен во болница под сомнение дека е под дејство на наркотици.
Освен што бил скршен од болка тој и бил измамен како никогаш досега.
Станува збор за 52 годишниот Џејмс од Велика Британија кој преку ноќ ги изгубил сите свои животни заштеди но и своето достоинство. Освен жените кои го измамиле, нему му се смее и целиот украински судски ситем додека тој поминувал низ пекол, пишува Би-Би-Си.
Почетокот на пеколот
Украина е една од најсиромашните европски земји, а позади неа стои успешна индустрија на забави и ноќен живот. Мажите од Западот доаѓаат во оваа држава со надеж дека ќе ја најдат својата потенцијална сопруга. Сепак, Џемјс не отишол во Одеса за да бара љубов, туку тој заминал работно бидејќи бил ангажиран на проект за поддршка на децата од воените области.
Бидејќи работата во странство му била новина тој решил да ангажира преведувачка која ќе му помогне да функционира нормално и да има лесно секојдневие. По некое време преведувачката по име Јулија му предложила на Џејмс да го запознае со нејзината другарка Ирина, која во тоа време имала 32 години. Тој се согласил а сите тројца заминале на вечера.
-Заминавме на вечера, а Ирина веднаш ми кажа за нејзините два неуспешни бракови, но и дека не сака повторно да се омажи за Украинец, открива Џејмс.

И покрај големата разликата во години, Џејмс и Ирина се сложувале одлично. Двојката уживала во ноќниот живот на Одеса. Но, тие никогаш не биле сами, и тоа бидејќи Џејмс не зборувал руски или украински, а Ирина пак, не зборувала англиски. Со нив секогаш била Јулија и тоа за 107 фунти на ден. Кога не биле заедно, тие комуницирале преку пораки, а Ирина постојано му велела на Џејмс дека ужива во неговото друштво.
Па така тие се дружеле цели 6 месеци, но ниту еднаш не биле интимни ниту пак се бациле.
Веридбата со Ирина
Осум месеци пред венчавката, во ноември 2016та година двојката се верила во вилата Отрада во Одеса.
-Таа се чувствуваше заробено во својата земја. Беше интелегентна и сакаше да има иднина надвор од Украина. Нашата врска беше еден вид заеднички интерес, вели тој.
Но, денови по веридбата на патот на среќата застанала бирократијата. Имено, за тие да се преселат во Велика Британија, односно Ирина да може да добие престој потребно било да исполнуваат еден услов: а тоа е да се во брак неколку години. Џејмс не можел да чека и решил да се пресели во Украина. По ваквата негова одлука, тој почнал да бара и стан во кој тој и Ирина ќе живеат заедно.

Но, трансферот на пари од Велика Британија во Украина не бил лесен. Украина е една од најкорумпираните европски земји, а во минатото имала и големи банкарски скандали. Па и оттаму Џејмс не бил изненаден кога Ирина му предложила парите (200 000 илјади евра) наместо на неа да ги префрли директно на организаторката на свадбата – нејзината другарка Кристина.
И покрај сомнежите кои ги имал, тој решил да ја послуша својата идна жена.
Но, од тој момент животот на Џејмс се претворил во пекол. Ирина му кажала дека банката ќе ги ослободи парите само доколку тој е во брак со Кристина и дека ваквата формалност ќе трае само 10минути.
Ирина го убедувала со недели велејќи му дека само на овој начин они двајца ќе можат да имаат заеднички дом.
По долго убедување Џејмс се сложил. Планирал да се разведе одма од Кристина и да се ожени со Ирина. На 10 јуни 2017та година тој се нашол пред матичар и тоа со Кристина. Парите му биле ослободени истото попладне, а Кристина и Ирина му објасниле дека 200те илјади евра биле потрошени за стан во кој тој ќе живее тој со Ирина. Но вистината била друга. За станот биле потрошени само 60 илјади евра – имот кој сега треба да го дели со својата новопечена сопруга Кристина.
Свадбата со Кристина
Денот кога се оженил со Кристина бил организиран и свадбен прием со 60 гости за кои набрзо тој сфатил дека гостите се платени да бидат таму и тоа во улога на сведоци.. Најголемиот шок го доживеал кога сфатил дека наводната мајка на Ирина е впрочем мајка на неговата преведувачка Јулија. Единствениот кој мислел дека цела оваа приказна е реална бил токму он.
Во тој момент Ирина имала сопруг – Андрија Сикова за која се омажила три месеци пред да го запознае Џејмс. Неговата новопечена сопруга пак, Кристина била мажена за Денис од кого се развела непосредно пред венчавката со Џејмс. Но кога Џејмс сфатил дека е предмет на измама, Кристина му се вратила на Денис.

-Жената за која мислев дека е мајка на Ирина постојано му даваше пијалоци и сигурен сум дека во пијалоците имаше нешто. Почнав силно да се тресам, а минути подоцна паднав на подот, се сеќава Џејмс.
Ирина одбила да оди со него во болница. Наместо да му помогне таа направила сцена – го обвинила дека е пијаница и дека ја срами пред семејството.
Следните неколку недели, Ирина своето отсуство го правдала заради здравствени проблеми. Престојот во болницата Џејмс си го платил сам. Вистината почнала да излегува на виделина кога на Џејмс му било откриено дека вредноста на станот е 63 илјади евра, а не 200 илјади.
Нема правда
Џејмс добил помош од официјален преведувач Татјана која сакала да му помогне да излезе од проблемите. За таа цел тие ангажирале и детективска агенција од Одеса.
-Имав документи од секоја банкарска трансакција како и пораки од Вибер. Мислев дека тоа ќе ја реши работата, но дупките во украинскиот систем не беа на моја страна, вели тој.
Тој дури четири пати одел во полиција за да даде извештај, а понекогаш полицајците му се смееле во лице. Борбата против криминалот, посебно ваквите брачни измами не биле на листата на нивните приоритети. Тој добил совет да ја подмити полицијата, но одбил да го направи тоа.
Ирина и Кристина биле повикани на распит, но против нив не биле покренати обвиненија. Единствениот напредок во неговиот случај било тоа што неговиот брак со Кристина бил прогласен за лажен, па оттаму и останал единствен сопственик на станот.
Мораш да ја играш играта
Сакајќи да го привлече вниманието на полицијата и да собере доволно докази, Џејмс почнал да соработува со приватниот детектив Роберт Папињан.
-Се обидов се и на крај сфатив дека морам да ја играм играта, вели тој.
Имено, играта вклучува 3000 евра хонорар за детектив кој верува дека жените биле движечка сила на измамата, но и нивните сопрузи.
-Ја најдовме Ирина во близина на нејзината куќа и ја предупредивме дека има рок до 20 јуни да го отплати долгот, вели тој.
Во право сте ако мислите дека сум будала
Џејмс вели дека сите имаат право да го викаат будала и дека тој нема да се налути.
Својата приказна ја раскажал за Би-Би-Си сакајќи да ги предупреди оние кои се во искушение да бараат романса во Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата