logo
logo
logo

Се продава карпа од Марс, тешка 24 килограми- цената е астрономска

Vecer | 03.07.2025

Се продава карпа од Марс, тешка 24 килограми- цената е астрономска

Познат како NWA 16788, метеоритот тежи 24,5 килограми и е масивен во споредба со повеќето марсовски метеорити, кои се претежно мали фрагменти, соопшти аукциската куќа Sotheby's.

„Монументален примерок“

Откриен во ноември 2023 година во оддалечениот регион Агадез во Нигер, NWA 16788 е „монументален примерок“ кој е околу 70 проценти поголем од следниот најголем дел од Марс што некогаш е пронајден на Земјата, додаде таа.

Исто така е исклучително редок, со само околу 400 марсовски метеорити пронајдени на Земјата.

„Највредното досега понудено на аукција“

„NWA 16788 е откритие од извонредно значење, најголемиот марсовски метеорит некогаш пронајден на Земјата и највредниот од ваков вид некогаш понуден на аукција“, рече Касандра Хатон, потпретседателка за наука и природна историја во Sotheby's.

Метеоритите се она што останува кога комета, астероид или метеороид ќе го преживее својот премин низ атмосферата на Земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk