logo
logo
logo

САД почнуваат да им ги одзема пасошите на граѓаните со големи долгови за алиментација

Vecer | 08.05.2026

САД почнуваат да им ги одзема пасошите на граѓаните со големи долгови за алиментација

 Стејт департментот соопшти дека мерката може да влијае на родителите кои должат повеќе од 2.500 долари за издршка на деца, со фокус на оние со значителни неплатени долгови.

Министерството вели дека користи разумни алатки за поддршка на американските семејства и зајакнување на почитувањето на американскиот закон, и дека станува збор за исполнување на законските и моралните обврски на родителите кон нивните деца.

На граѓаните со вакви долгови им се советува да склучат договори за отплата со надлежните владини агенции за да избегнат конфискација на нивните пасоши. Откако ќе им се конфискува пасошот, тој повеќе не може да се користи за патување. Лицата чии пасоши се конфискувани нема да можат да добијат нов додека не го платат долгот за издршка на деца, соопшти Стејт департментот.

„Оваа мерка ја поддржува благосостојбата на американските деца со тоа што предвидува реални последици за неплаќање на издршка за деца, во согласност со постојниот федерален закон“, соопшти одделот.

Запленувањето на пасоши за неплатена издршка за деца над 2.500 долари е овластено со федерален закон од 1996 година, кој ретко се спроведувал.

Досега, мерката генерално се користела само кога лицата со долгови се обидувале да ги обноват своите пасоши.

Според новата политика, Стејт департментот ќе соработува со Министерството за здравство и човечки услуги на САД за да ги идентификува лицата со неплатени долгови и да ги поништи нивните пасоши. Одделот не соопшти кога мерката официјално ќе стапи на сила, но Асошиејтед прес објави дека се очекува спроведувањето да започне денес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk