logo
logo
logo

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот

Vecer | 23.02.2026

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот

Американската агенција за царина и гранична заштита денеска соопшти дека на полноќ ќе ја прекине наплатата на царините кои минатата година беа воведени според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања, кои Врховниот суд на САД пред три дена ги прогласи за незаконски.

Агенцијата во порака на својата служба за размена на пораки Cargo Systems (CSMS) соопшти дека од утре, односно една минута по полноќ, ќе ги деактивира сите царински кодови за наплата на царини според претходната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, по Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА).

Суспензијата на наплатата на царините ИЕЕПА се совпаѓа со воведувањето од страна на Трамп на новата глобална царина од 15 проценти, според друго законско овластување со кое Трамп воведе царини кои ќе ги заменат оние кои Врховниот суд ги укина во петокот.

Агенцијата не наведе причина зошто продолжила да ги наплаќа царините во пристаништата неколку дена по пресудата на Врховниот суд. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk