Дадли во документот упатува на неодредена, но важна државна работа во врска со животот на самата кралица и веројатно е поврзана со политиката на Англија кон Шкотска по заговорот Трокмортон од 1583 година.
Дадли и Елизабет се познавале уште од детството и биле пријатели до неговата смрт.
Експертите од аукциската куќа Lyon & Turnbull успеале да откријат само две писма од војводата до Елизабета. Едното е во библиотеката Фолгер Шекспир во Вашингтон, а другиот во Националната архива во Лондон и е напишано само неколку дена пред да умре војводата.
Друго писмо е продадено на аукција, напишано и потпишано од постарата ќерка на Хенри VIII. Мери, кралица на Англија и Ирска позната како Крвава Мери, кое достигна 37.700 фунти (околу 45.000 евра), двојно повеќе од бараната цена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата