logo
logo
logo

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Vecer | 05.11.2025

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Со ова, бројот на забранети страници се искачи на девет. Тука се вбројуваат уште и „Фејсбук“, „Икс“, „Снепчет“, „Тикток“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Тредс“, објави „Би-би-си“ (BBC).

Австралиската влада изјави дека технолошките компании коишто нема да ги преземат „разумните чекори“ за да ги исклучат профилите и страниците за малолетни корисници и да спречат креирање нови, би можеле да се соочат со казни до 32,5 милиони долари.

Така, на пример, иако тинејџерите под 16 години сè уште може да гледаат видеа на „Јутјуб“, тие веќе нема да можат да креираат профили.

Засега, „Дискорд“ и „Ватсап“ не се опфатени од новите мерки. Но, и платформите за игри како „Лего плеј“ и „Роблокс“, исто така, нема да бидат вклучени, како и образовните платформи „Гугл классрум“ и „Јутјуб кидс“ и сл.

Некои критичари предупредуваат на ризиците за приватноста и точноста на софтверот за верификација на возраста. А пак, застапниците за подобро ментално здравје велат дека оваа забрана би можела да им ја отежни комуникацијата на децата.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk