logo
logo
logo

Растењето на запчиња е болно, но овој едноставен ТРИК ќе му помогне на вашето бебе: Еве како да направите ЗДРАВА глодалка, а се што е потребно го имате дома

Vecer | 30.04.2022

Растењето на запчиња е болно, но овој едноставен ТРИК ќе му помогне на вашето бебе: Еве како да направите ЗДРАВА глодалка, а се што е потребно го имате дома

Избивање на запчиња едноставно мора да боли, некое дете тоа го чуствува помалку, а некое повеќе, но самиот процес е болен.

За да не трошете пари на скапоцени глодалки, можете да пробате техника која една мајка ја споделила со своите следбеници на социјалните мрежи, и тврди дека ја олеснува болката за време на растење на запчиња.

Се што е потребно е овошно пире и една памучна ткаенина во форма на мало марамче.

Ставете една лажица од овошното пире, заврзете го чвор и ставете го во фрижидер да се олади. После околу 30 минути извадете го и дајте го на бебето да го грицка.

Оваа глодалка за бебе ќе ги олесни болките за време на избивање на запчињата, така што глодалката и сокот од овошјете, имаат двојна функција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk