logo
logo
logo

Расмусен: Значајно е што Трамп го признава правото на самоопределување на Гренланд

Vecer | 05.03.2025

Расмусен: Значајно е што Трамп го признава правото на самоопределување на Гренланд

- (Трамп) кажа дека (тие) го почитуваат правото на самоопределување на Гренланѓаните и тоа, мислам, е најважниот дел од овој говор, истакна Локе Расмусен.

Според него, Данска и Гренланд имаат заеднички интереси со САД во однос на безбедноста на Арктикот.

Трамп вчера пред Конгресот изјави „Цврсто го поддржуваме вашето право да ја одредите вашата иднина. И ако одлучите, добредојдовте во САД. Ни треба Гренланд за национална безбедност, па дури и за меѓународна безбедност. Работиме со сите засегнати страни за да го постигнеме тоа“.

Според анкетите поголем број од граѓаните се против присоединување на Гренланд со САД и покрај тоа што мнозинството поддржува прогласување независност од Данска.

Според Владата на Данска, Гренланд треба да одлучи за својата иднина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk