logo
logo
logo

Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм

Vecer | 15.04.2026

Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм

На еден од познатите пазари во Букурешт – на плоштадот „Домении“ во Сектор 1 – килограм домати се продава за околу 100 леи, односно приближно 20 евра, покажува проверка на БТА.

„Поевтино е да се донесат егзотични овошја од Малезија отколку да се купуваат зеленчуци од дворовите на романските земјоделци, субвенционирани од државата. Цените тројно се зголемуваат додека стасаат од стаклениците до тезгите“, наведува весникот Гандул, додавајќи дека во околината на Букурешт нема многу оранжерии за домати.

Како главни причини за високите цени, експертите ги посочуваат невообичаено студеното време оваа пролет, повисоките трошоци за греење, поскапувањето на горивата и високата инфлација.

„Оваа година има највисоки трошоци во последните години. Цената на романските екстра рани домати, кои сега се берат од оранжериите, може да се покаже меѓу највисоките во Европа, главно поради растот на цените на горивата, трудот и семињата. Трошокот за гориво е двојно поголем во споредба со последните три-четири зими“, изјави за Аџепрес претседателот на Сојузот на земјоделски производители во Олт, Јон Паунел.

Споредбата на цените во големите супермаркети покажува дека романските домати се три до четири пати поскапи од увозните. Килограм домати од Турција чини околу 17 леи (3,34 евра), додека шпанските чери домати се продаваат за околу 18 леи (3,54 евра). 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk