Олга Илиќ, позната како „српската Сара Бернар“ била една од најталентираните актерки на своето време, но нејзиниот живот го одбележале тешки подеми и падови.
Родена во Солун како Олга Гашпаровиќ, била вонбрачна ќерка на Французинот Гастон Санто и Марија Гашпаровиќ. Детството го поминала во француски манастир, а по смртта на татко и се преселила со мајка си во Ниш.
Во овој град таа ја започнала и завршила својата актерска кариера оставајќи неизбришлива трага на српскиот театар. Таа е запаметена и како првата позната Србинка која се фотографирала гола, што во тоа време бил скандалозен чин.
Од обожавана уметница до обвинета за велепредавство
За време на Втората балканска војна, бугарските власти ја интернирале Олга Илиќ, но потоа ја најмиле да настапува во хуманитарни цели за српските сиромашни. Во својата автобиографија таа пишувала и за суровите денови на окупацијата:
„Веќе немаше театри, аплаузи и цвеќиња. Завесата се спушти засекогаш и ја сокри скопската сцена. Моите другари ги преминауваа снежните рамнини на Албанија или умреа зад бодликавата жица на далечните логори. Исчезна песната, седенките и занесот сето она што дотогаш беше мој живот, а на улиците крвавиот ужас на војната кој мојата душа, навикната на илузии, ја доведуваше до очај. Бугарските власти од Скопје ме интернираа во Лесковац, потоа во Ниш и Књажевац... Секоја недела пеев во црква и знам дека моите настапи под окупација предизвикуваа восхит и одобрување кај нашите граѓани, затоа што им влеваа верба и надеж за војната... служејќи му на непријателот. Била уапсена и обвинета за велепредавство. Благодарение на поранешниот сопруг и пријателите, успеала да избегне строга казна и да се врати на сцената.
Заборавена и сиромашна во староста
Иако некогаш била позната и сакана, Олга Илиќ последните години од животот ги поминала во сиромаштија, заборавена од публиката и колегите. Починала во белградски дом за стари лица, опкружена со неколкумина луѓе кои сè уште ја паметат.
Денеска улица во Ниш, во општина Пантелеј, го носи нејзиното име - како потсетување на уметницата чиј живот изобилуваше со драма, исто како и улогите што ги играше на штиците што живот значат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата