logo
logo
logo

Просечниот раст на очекуваниот животен век за Европејците е во стагнација

Vecer | 20.02.2025

Просечниот раст на очекуваниот животен век за Европејците е во стагнација

Наводите говорат и дека за оваа појава е виновна алармантна комбинација од лоша исхрана, масовна физичка неактивност и зголемена дебелина кај населението, пренесува „Гардијан“.

Во просек, годишниот раст на очекуваниот животен век во Европа паднал од 0,23 години меѓу 1990. и 2011 година, на 0,15 години меѓу 2011. и 2019 година, според наодите. Истражувањето е објавено во списанието „Лансет паблик хелт“ (Lancet Public Health).

Од 20 испитани земји, растот на очекуваниот животен век насекаде е намален, освен во Норвешка.

Најголемо забавување на животниот век, по Англија, е забележано во земјите на Велика Британија - Северна Ирска, Велс и Шкотска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk