logo
logo
logo

Пронајдена е мистериозната „риба на судниот ден“, жителите се подготвуваат за најлошо

Vecer | 23.01.2025

Пронајдена е мистериозната „риба на судниот ден“, жителите се подготвуваат за најлошо

Сурферите ја забележале оваа риба, позната како веслач, во јужниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, објави Дејли Меил.

Огромната риба, долга колку даска за сурфање, имала сребрено-сино тело со неверојатна црвена перка по грбот, но опашката ѝ била повредена.

Според една стара легенда, овие риби се гласници на земјотреси и други природни катастрофи.

Еден локален жител кој бил сведок на сцената во Мексико рече: „Тие велат дека овие риби се појавуваат кога се очекува многу силно цунами“.

Иако научниците не докажале поврзаност меѓу двата настани, дваесет вакви риби биле исфрлени на брегот неколку месеци пред разорното цунами да ја погоди Јапонија во 2011 година, кое однесе повеќе од 15.000 животи и беше предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени.

Рибата во Мексико за прв пат била видена годинава, додека една била забележана во Калифорнија еден месец пред земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала да ја потресе областа минатата година. И овде нема докази за поврзаност помеѓу горенаведените настани.

Младите сурфери брзо дотрчале до рибата, ја зеле со помош на нивните даски и ја фрлиле назад во океанот.

Поради нивната големина и форма, веслачите личат на „морски змии“ и се сметаат за знак на идните настани во јапонската митологија. Таму се познати како „гласник од палатата на морскиот змеј“.

Легендата вели дека веслачите живеат под јапонските острови и излегуваат на површината за да ги предупредат луѓето за претстојниот земјотрес.

Сепак, овие суштества можат да се најдат насекаде низ светот, на длабочини помеѓу 200 и 1.000 метри.

Нивното тело нема лушпи, а нивната кожа е покриена со лигав, сребрен заштитен слој познат како гванин.

Јапонскиот мит за веслачите бил оживеан во 2011 година по земјотресот и цунамито во Тохоку.

На 11 март катастрофален мегаземјотрес со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала погоди регион на 72 километри источно од Јапонија, а траеше шест минути, предизвикувајќи бранови високи и до 40 метри, кои ја погодија земјата со брзина од 700 километри на час.

Брановите имаа доволно енергија за да навлезат десет километри во внатрешноста, уништувајќи ја критичната инфраструктура, домовите и канцелариите на источниот брег.

Неодамна, на брегот на Калифорнија, поточно во ноември минатата година, испадна уште еден веслач.

Истражувачите од институтот за океанографија Скрипс објавија слики од мртов веслач на плажата Грандвју сурф во Енцинитас.

Во декември, државата беше погодена од силен земјотрес што предизвика предупредување за цунами.

Нема докази дека изгледот на веслачот е поврзан со тој земјотрес.

Земјотресот се случил во 10 часот и 44 минути, на 72 километри од брегот на Еурека, а набргу потоа беше почувствуван афтершок во Сан Франциско.

По земјотресот, до телефоните на граѓаните на Калифорнија беше испратено предупредување за цунами, со кое се повикуваат веднаш да побараат засолниште на повисоките места.

„Вие сте во опасност! беше предупредувањето. До 12:00 часот по Пацифичко време, предупредувањето за цунами било укинато.

Сепак, првиот удар ги потресе домаќинствата и предизвика бранови дури и во базените во дворовите.

Калифорнија е пресечена од раседот Сан Андреас, границата помеѓу тектонските плочи на Пацификот и Северна Америка, што ја прави подложна на земјотреси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk