logo
logo
logo

ПРЕВАРАНТ СО ЧАЈ, смислил „генијална“ продажба, ама не за долго

Vecer | 31.05.2025

ПРЕВАРАНТ СО ЧАЈ, смислил „генијална“ продажба, ама не за долго

Шкотланѓанецот Томас Робинсон е прогласен за виновен за измама откако било откриено дека продавал обичен увезен чај како „уникатен вид локален чај одгледуван на неговиот имот“, објавија британските медиуми.

Тој заработил речиси 600.000 фунти продавајќи чај за кој тврдел дека е од врвен квалитет, објави Скај њуз.

Робинсон го продавал чајот на луксузни хотели и специјализирани трговци на мало, тврдејќи дека го одгледува на својот имот во Пертшир, Шкотска, користејќи иновативни техники.

На својата веб-страница, каде што навел дека соработува со Кралските ботанички градини во Единбург, нудел неколку видови чај, кои ги продавал помеѓу 2014 и 2019 година.

Робинсон, кој исто така се претставувал како Томас О'Брајан, исто така ги намамил клиентите лажно тврдејќи дека има академски квалификации и награди во областа на производството на чај. Окружниот суд во Фалкирк вчера го прогласи за виновен по две точки од обвинението за измама, а ќе му биде изречена пресуда на 25 јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk