logo
logo
logo

ПРЕСМЕТАЈТЕ ЈА ВОЗРАСТА НА ВАШИОТ МИЛЕНИК: Новата формула го дава вистинскиот одговор

Vecer | 21.04.2026

ПРЕСМЕТАЈТЕ ЈА ВОЗРАСТА НА ВАШИОТ МИЛЕНИК: Новата формула го дава вистинскиот одговор

Сигурно сте слушнале дека една кучешка година е еднаква на седум човечки, меѓутоа тој начин на пресметување е погрешен, а научниците открија како всушност правилно се пресметува.

Стареењето не е исто кај сите кучиња. Помалите кучиња живеат подолго и созреваат побавно, додека кај поголемите е обратно.

Научниците заклучија дека секои 4,4 килограми телесна маса го намалуваат животниот век на кучето за околу еден месец. Исто така, крзнените миленичиња стареат побрзо во раните години, а процесот на стареење се забавува во подоцнежните фази од животот. Секоја кучешка година не вреди еднакво, како што не е еднакво ни стареењето меѓу различните раси.

Врз возраста на кучето влијае и генетиката, па така кучето може да има тенденции за наследување болести. Секако, голема улога игра и начинот на живот, како што се исхраната, количината на движење и историјата на болести.

Како да пресметате

Калкулаторот кој прикажува како се пресметуваат кучешките години е направен според водичот и препораките на Американското ветеринарно медицинско здружение.

  • Првата година од животот на средно големо куче е еднаква на првите 15 години од човечкиот живот.
  • Втората година од животот е еднаква на 9 човечки години.
  • Секоја следна година од кучешкиот живот е еднаква на околу пет човечки години.

Осмислена е уште една формула за претворање на кучешките во човечки години која се темели на методот на епигенетски часовник. За пресметување на кучешките години потребно е да се најде природниот логаритам од годините на вашето куче (ln), потоа тој број да се помножи со 16 и да се додаде бројот 31.

Формула: $16 \cdot \ln(\text{години на кучето}) + 31 = \text{човечки години}$

Пример: Ако вашето куче има 12 години, во човечки има 71 година. Формулата изгледа вака: $16 \cdot 2,5 + 31 = 71$.

Знаци на стареење

Постојат одредени знаци кои покажуваат дека кучето старее. Во нив спаѓаат: седи влакна, слаб вид и заматени очи, проблеми со слухот, вкочанетост на мускулите и зглобовите, артритис, помала активност, промени во однесувањето (зголемена вознемиреност, збунетост, раздразливост).

Стареењето на кучето сопствениците тешко го прифаќаат, затоа е потребно да се искористи секој момент со најдобриот пријател на човекот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk